Би-МЕК прославува 20 години посветена работа за подобро здравје!

20 години за подобро здравје! Од денот на основање, па се до денес ја следиме нашата мисија да испорачаме максимални вредности на нашите клиенти и да обезбедиме континуитет во високо професионална поддршка и задоволување на сите потреби на пазарот за медицинска опрема како и воведување на сите новитети и напредни технологии паралелно со светските трендови.

Денес, Би-МЕК е синоним за професионалност, грижа за клиенти, посакуван работодавач и партнер за стабилна и долгорочна соработка.  Успеавме да оствариме партнерска  соработка со повеќе од 30 врвни светски производители на медицинска опрема, а со тоа да реализираме  долгорочни договори со над  1000 клиенти за инсталирани околу 1600 медицински уреди низ С.Македонија.

“Изминатите години, донесовме многу новитети и современа медицинска апаратура на нашиот пазар, секогаш следејќи ги светските трендови, поставивме нови стандарди и постигнавме одлични резултати како тим. Многубројните успешно реализирани проекти и задоволните клиенти, како во јавниот, така и во приватниот здравствен сектор го потврдуваат тоа. Кога ќе се навратам наназад, од тоа како започнавме со двајца вработени и огромна желба да успееме барем малку да допринесеме во македонското здравство до она што Би-МЕК е денес, пресреќна сум и горда што сум дел од една ваква успешна компаниска приказна ” изјави Тања Евросимовска, еден од акционерите  и контролор на Би-МЕК.

И оваа година Би-МЕК активно учествуваше на повеќе медицински стручни собири: Првиот македонски интернистички конгрес во организација на Здружението на интернисти и Балкански конгрес по ОРЛ и хирургија на глава и врат во организација на Здружението на оториноларинголози, а даде поддршка и учествуваше на симпозиумите на Здружението на радиолози како и на Здружението на кардиолози.

Би-МЕК секогаш ги поддржува младите лекари и идни специјализанти и оваа година даде своја поддршка за здружението на Македонска медицинска студентска асоцијација и на Европската Медицинска Студентска Асоцијација.

“Вложивме многу труд и посветеност изминативе години и со извонредниот тим на Би-МЕК, и тоа што ни изгледало некогаш невозможно, успеваме да го направиме возможно! Плановите за 2023 се уште поамбициозни и покрај тоа што не очекува тешка година ќе продолжиме да работиме одговорно и секогаш подготвени да ги исполниме и најсложените барања на клиентите”, изјави Др. Даница Алачка Дукоска, директор на Би-МЕК и додаде
“ Успесите треба да се прослават, а ние по тој повод во име на нашиот јубилеј, решивме да им се заблагодариме на нашите клиенти па подготвивме големи изненадувања и попусти и на заедницата преку различни донации и активности, бидејќи вложување во општеството е одговорност за сите нас”.

Би-МЕК постојано инвестира во напредок и надоградување на знаењето на својот продажен и сервисен тим.
“Како мала компанија, ние сме горди на остварената долгогодишна соработка со нашите клиенти, а нашиот тим од високо стручни инженери нуди знаење и искуство за поправка, превентивно одржување или проверка на електрична безбедност за најнапредна медицинска опрема. За нас претставува огромен предизвик да работиме на различни проекти, од целосно опремување на операциони сали,  до најсложени инсталации на магнетна резонанца и компјутерска томографија” изјави Марјанчо Цацаноски, менаџер на сервисниот оддел во компанијата.

Мотив плус за нас претставува довербата од нашите клиенти и вработените кои се движечка сила на нашата компанија. Нашата посветеност и работа се наградени од нашите партнери и домашни институции со 18 признанија и три награди (два пати за општествено одговорна компанија, како и за брзо растечка компанија).

Наш приоритет во иднина е потемелно да ги разбереме потребите на нашите клиенти како и на нашите вработени за да овозможиме најдобри решенија кои ги задоволуваат нивните потреби поблиску од кога било досега.

Наша цел е да ги подобриме можностите и ефективноста на здравствениот систем во делот на медицинска опрема со што ќе го подобриме и искуството на пациентите и исходот од третманот и ќе го унапредиме задоволството на здравствените работници.

Би-МЕК е дел од групацијата Papapostolou Healthcare Technologies Greece, основана во 1914 година, лидер во продажбата и сервисирање на висококвалитетна медицинска технологија во регионот. Нашата компанија се карактеризира со долга традиција и знаење во индустријата за снабдување, техничка поддршка и интегрирани услуги на медицинска опрема за болници, клиники и приватни центри и долги години сме присутни и во други балкански земји (Грција, Романија, Бугарија и Србија).

Written by Bimek

YOU MAY ALSO LIKE

Подај рака стани СОС пријател – Би-МЕК со поддршка за СОС детско село

Подај рака стани СОС пријател – Би-МЕК со поддршка за СОС детско село

Секогаш ни претставува особено задоволство да дадеме поддршка за децата од СОС детско село во нашата држава. Kако општествено одговорна компанија, Би-МЕК редовно вложува во заедницата преку различни донации и активности, бидејќи вложување во општеството е...

Lumify- мобилен ултразвучен апарат за дијагностичка сигурност

Lumify- мобилен ултразвучен апарат за дијагностичка сигурност

Комбинирана Philips технологија на мобилен ултразвучен систем - Lumify, кој може да работи со Вашиот компатибилен smart уред! Philips Lumify e eдноставен, лесен, пренослив ултразвук кој обезбедува слика со висока резолуција. Lumify заедно со апликацијата...

Ноќна апнеа и превенција

Ноќна апнеа и превенција

Ноќната апнеа (sleep apnea) е потенцијално сериозно нарушување кое го превенира нормалното дишење додека спиете. Mоже да се јави кај мажи, жени и деца од сите возрасти. Повеќето луѓе со опструктивна ноќна апнеа не се свесни за својата состојба. Ова се случува...