Инсталaција на компјутерска томографија Incisive CT

Како дел од проектот ИПА – набавка на медицинска опрема за справување со здравствени закани во Македонија, со особена гордост тимот на Би-МЕК ја реализираше набавката и инсталацијата на напредниот систем за компјутерска томографија Incisive CT на производителот Philips. Во тек на проектот , во пет градови низ Македонија беа инстаирани компјутерски томографии во здравствените институции:

  • Општа болница Кичево
  • Општа болница со проширени дејности Кавадарци
  • Општа боница Куманово
  • Општа болница Гевгелија
  • Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија – Скопје

Компјутерската томографија Incisive овозможува скенирање на целото тело со висока резолуција за многу кратко време и се разликува од конкуренцијата со висококвалитетната рендгенска цевка која работи со  помала моќ на енергија, како и високата брзина на скенирање со висока резолуција и јасност на сликата.
За ефикасно скенирање на стандардните прегледи на овој скенер потребни се 5-10 секунди. Уредот е опремен со софтвер за скенирање со минимални дози и површина од 70 KV, што е намалување на дозата до 80% по пациент. Ова го заштитува пациентот од прекумерно зрачење, но исто така и персоналот кој работи со уредот што е од суштинско значење.

Written by Bimek

YOU MAY ALSO LIKE

Би-МЕК прославува 20 години посветена работа за подобро здравје!

Би-МЕК прославува 20 години посветена работа за подобро здравје!

20 години за подобро здравје! Од денот на основање, па се до денес ја следиме нашата мисија да испорачаме максимални вредности на нашите клиенти и да обезбедиме континуитет во високо професионална поддршка и задоволување на сите потреби на пазарот за медицинска...

Lumify- мобилен ултразвучен апарат за дијагностичка сигурност

Lumify- мобилен ултразвучен апарат за дијагностичка сигурност

Комбинирана Philips технологија на мобилен ултразвучен систем - Lumify, кој може да работи со Вашиот компатибилен smart уред! Philips Lumify e eдноставен, лесен, пренослив ултразвук кој обезбедува слика со висока резолуција. Lumify заедно со апликацијата...

Ноќна апнеа и превенција

Ноќна апнеа и превенција

Ноќната апнеа (sleep apnea) е потенцијално сериозно нарушување кое го превенира нормалното дишење додека спиете. Mоже да се јави кај мажи, жени и деца од сите возрасти. Повеќето луѓе со опструктивна ноќна апнеа не се свесни за својата состојба. Ова се случува...