Ноќна апнеа и превенција

Ноќната апнеа (sleep apnea) е потенцијално сериозно нарушување кое го превенира нормалното дишење додека спиете. Mоже да се јави кај мажи, жени и деца од сите возрасти. Повеќето луѓе со опструктивна ноќна апнеа не се свесни за својата состојба. Ова се случува кога мускулите во грлото се релаксираат, протокот на воздух се спречува или намалува, и не можете да земете доволно воздух, а тоа го намалува нивото на кислород во крвта. Вашиот мозок е чувствителен на промените и Ве буди од спиење за да ги отворите дишните патишта.

Симптоми

  • Гласно хрчење
  • Епизоди на престанок на дишење додека спиете
  • Утринска главоболка
  • Проблем со спиење
  • Чувство на ненаспаност преку ден (хиперсомнија)

Доколку не се бара решение за дијагноза и ефективна терапија, луѓето поради ноќната апнеа се изложени на зголемен ризик од:

  • Покачен крвен притисок
  • Аритмии или срцево заболување
  • Срцев удар
  • Мозочен удар

Дијагностицирањето на опструктивната ноќна апнеа може да го утврди вашиот лекар или специјалист од оваа област.  Терапијата за ноќна апнеа ќе ја одреди докторот.
За понуда и дополнителни информации за апаратите за ноќна апнеа може да ни пратите барање за брошура на medical@bimek.com.mk

Written by Bimek

YOU MAY ALSO LIKE

Би-МЕК прославува 20 години посветена работа за подобро здравје!

Би-МЕК прославува 20 години посветена работа за подобро здравје!

20 години за подобро здравје! Од денот на основање, па се до денес ја следиме нашата мисија да испорачаме максимални вредности на нашите клиенти и да обезбедиме континуитет во високо професионална поддршка и задоволување на сите потреби на пазарот за медицинска...

Lumify- мобилен ултразвучен апарат за дијагностичка сигурност

Lumify- мобилен ултразвучен апарат за дијагностичка сигурност

Комбинирана Philips технологија на мобилен ултразвучен систем - Lumify, кој може да работи со Вашиот компатибилен smart уред! Philips Lumify e eдноставен, лесен, пренослив ултразвук кој обезбедува слика со висока резолуција. Lumify заедно со апликацијата...

Светски ден за предвремено родените деца 17ти Ноември, 2022

Светски ден за предвремено родените деца 17ти Ноември, 2022

Оваа година слоганот гласи: Родителска прегратка: моќна терапија. Овозможете контакт кожа со кожа од моментот на раѓање. Важноста на мајчиното млеко во NICU Како дел од нашата посветеност во Medela Cares за борба против смртност и неухранетост на доенчиња и за...