Artificial Intelligence – нова ера во дијагностицирање на колоректални полипи

Колоректалниот карцином (КРК) е еден од најчестите малигни заболувања (12% од сите малигноми) кој се јавува со инциденца од 15 -30 нови случаи на 100.000 жители годишно. Ризикот од појава на заболувањето во текот на животот зависи од повеќе фактори како возраста, начинот на исхраната/физичка активност, личната и фамилијарната предиспозиција и се движи од 5% кај пациентите со просечен ризик до повеќе од 95% кај пациентите со одредени наследни синдроми.

Имајќи го предвид фактот дека кај повеќе од 90% од пациентите КРК се развива врз основа на претходно постојни бенигни аденоматозни полипи со чие отстранување се превенира развојот на карциномот, како и фактот дека детекцијата на болеста во раната фаза доведува до 5 годишно преживување кај повеќе од 90% од пациентите, разбирливо е колкаво е значењето да се има квалитетна и софистицирана опрема за преглед на дебелото црево. Тука првенствено се мисли на колоноскопијата како најадекватен избор на преглед за откривање на полипи на дебелото црево.

Напредокот на технологијата овозможува и напредок во рано дијагностицирање на КРК. Pentax-Discovery е високо-иновативна развиена технологија која се користи во дијагностиката на полипи, и со патентираниот Artificial Intelligence, PENTAX Medical претстави нова ера во дијагностицирање на полипи кои се најчеста причина за КРК.

Видео https://www.youtube.com/watch?v=itAULO3Ap3g

Written by Bimek

YOU MAY ALSO LIKE

Би-МЕК прославува 20 години посветена работа за подобро здравје!

Би-МЕК прославува 20 години посветена работа за подобро здравје!

20 години за подобро здравје! Од денот на основање, па се до денес ја следиме нашата мисија да испорачаме максимални вредности на нашите клиенти и да обезбедиме континуитет во високо професионална поддршка и задоволување на сите потреби на пазарот за медицинска...

Lumify- мобилен ултразвучен апарат за дијагностичка сигурност

Lumify- мобилен ултразвучен апарат за дијагностичка сигурност

Комбинирана Philips технологија на мобилен ултразвучен систем - Lumify, кој може да работи со Вашиот компатибилен smart уред! Philips Lumify e eдноставен, лесен, пренослив ултразвук кој обезбедува слика со висока резолуција. Lumify заедно со апликацијата...

Ноќна апнеа и превенција

Ноќна апнеа и превенција

Ноќната апнеа (sleep apnea) е потенцијално сериозно нарушување кое го превенира нормалното дишење додека спиете. Mоже да се јави кај мажи, жени и деца од сите возрасти. Повеќето луѓе со опструктивна ноќна апнеа не се свесни за својата состојба. Ова се случува...