Artificial Intelligence – нова ера во дијагностицирање на колоректални полипи

Колоректалниот карцином (КРК) е еден од најчестите малигни заболувања (12% од сите малигноми) кој се јавува со инциденца од 15 -30 нови случаи на 100.000 жители годишно. Ризикот од појава на заболувањето во текот на животот зависи од повеќе фактори како возраста, начинот на исхраната/физичка активност, личната и фамилијарната предиспозиција и се движи од 5% кај пациентите со просечен ризик до повеќе од 95% кај пациентите со одредени наследни синдроми.

Имајќи го предвид фактот дека кај повеќе од 90% од пациентите КРК се развива врз основа на претходно постојни бенигни аденоматозни полипи со чие отстранување се превенира развојот на карциномот, како и фактот дека детекцијата на болеста во раната фаза доведува до 5 годишно преживување кај повеќе од 90% од пациентите, разбирливо е колкаво е значењето да се има квалитетна и софистицирана опрема за преглед на дебелото црево. Тука првенствено се мисли на колоноскопијата како најадекватен избор на преглед за откривање на полипи на дебелото црево.

Напредокот на технологијата овозможува и напредок во рано дијагностицирање на КРК. Pentax-Discovery е високо-иновативна развиена технологија која се користи во дијагностиката на полипи, и со патентираниот Artificial Intelligence, PENTAX Medical претстави нова ера во дијагностицирање на полипи кои се најчеста причина за КРК.

Видео https://www.youtube.com/watch?v=itAULO3Ap3g

Written by Bimek

YOU MAY ALSO LIKE

Би-МЕК присуствуваше на ОРЛ конгрес во Охрид

Би-МЕК присуствуваше на ОРЛ конгрес во Охрид

Здружението на лекари по оториноларингологија и Балканското здружение на оториноларингологија и хирургија на глава и врат од 1ви до 5ти јуни 2022 година го организираше 12ти Балкански конгрес по оториноларингологија и хирургија на глава и врат што се одржа во...

Би-МЕК учесник на дводневниот “Мултидисциплинарен симпозиум за тумори на дрн дроб”

Би-МЕК учесник на дводневниот “Мултидисциплинарен симпозиум за тумори на дрн дроб”

Би-МЕК како авторизиран претставник на Philips, со осоена чест и задоволство  учествуваше и го подрдржа дводневниот "Мултидисциплинарен симпозиум за тумори на дрн дроб" што се одржа  во Скопје,  во организација на Македонската асоцијација на радиолози. Како дел...

Би-МЕК дел од Првиот конгрес на интернисти во Охрид

Би-МЕК дел од Првиот конгрес на интернисти во Охрид

Здружението на интернисти во периодот од 19-ти до 22-ри Мај во Охрид го организираше првиот Конгрес по интерна медицина. Со особено задоволство Би-МЕК како авторизиран претставник за Philips го презентира моќниот ултразвучен апарат Epiq Elite и мобилниот...