Оваа година слоганот гласи: Родителска прегратка: моќна терапија. Овозможете контакт кожа со кожа од моментот на раѓање.
Важноста на мајчиното млеко во NICU
Како дел од нашата посветеност во Medela Cares за борба против смртност и неухранетост на доенчиња и за поддршка на семејствата на NICU (Одделение за интензивна нега на новороденчиња), Медела ви прикажува три видеa од искуството на Ешли и нејзиното бебе Натали додека биле на одделот на интензивна нега и ја нагласува важноста на мајчиното млеко за предвремено родените бебиња.
Во видеото кое е снимено во болницата Northside во Атланта, Џорџија, Медела има чест да ја сподели оваа приказна за да го прикаже искуството во неонаталниот оддел за интезивна нега и неверојатниот тим на негователи кој е посветен на семејствата за нивната грижа.
Преку истражувања, следења и набљудувања на природното однесување и слушање на нашите клиенти, Медела ја претвора науката во грижа притоа негувајќи го здравјето со генерации. Медела поддржува милиони мајки, бебиња, пациенти и здравствени работници во повеќе од 100 земји ширум светот. Медела произведува врвни производи за хранење со мајчино млеко и производи за бебиња базирани на истражувања, здравствени решенија за болниците и клиничка едукација кои се избор на здравствена заштита за повеќе од 6 милиони болници и домови ширум светот.