Сервис

СЕРВИС

НИЕ СМЕ ЕКСПЕРТИ ОД ДОВЕРБА

Нашиот  високо технички опремен сервисен оддел е специјализиран за поправка, превентивно одржување и проверка за електрична безбедност на различна медицинска опрема.
Нашиот  тим од високо стручни и сертифицирани инжинери со долгогодишно искуство е секогаш подготвен да одговори на Вашите барања за сервис на медицинска опрема,  периодично системско одржување, проверка и калибрација. Се стремиме да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти во се што работиме и нудиме флексибилност  за исполнување на роковите за различни потреби на нашите клиенти. Сервисерите поседуваат сертификати од производителите на медицинска опрема и континуирано присуствуваат на обуки и работилници организирани од реномирани производители за најнапредна медицинска технологија.

Ние сме сигурни и искусни и нудиме бесплатни проценки за секоја услуга што ја извршуваме. Верувајте на Би-МЕК за кавлитетот и добијте персонализирана услуга што Вашиот бизнис ја заслужува.

Како мала компанија, ние сме горди на остварената долгогодишна соработка со нашите клиенти, а нашите инжинери  нудат знаење и искуство за поправка или вршење на безбедносни инспекции дури и на најнапредна медицинска опрема.

Сервисирање на медицинска опрема

Професионалена поправка на медицинската опрема која ја застапуваме во и надвор од гарантен рок од страна на обучени и сертифицирани инжинери со долгогодишно искуство и примена на оригинални резервни делови.

Редовно одржување на опрема (PMI)

 За целокупната медицинската опрема која ја застапуваме обезбедуваме програма за годишно превентивно одржување чија цел е да се воспостават постојани практики дизајнирани за подобрување на перформансите и безбедноста на Вашата опремата, но и подобрување на животниот век на опремата како и избегнување непланирани активности за сервис.

s

Електрична безбедност

Дел од нашите сервисни услуги е проверка на електрична безбедност според меѓународниот сет на стандарди за електрична безбедност на медицинска електрична опрема IEC 60601. Тестирањето на електрична безбедност на медицинската електрична опрема е интегрална функција на клиничките биомедицински инженери кои работат во здравствените институции. Тоа е многу важен дел од работата за да се осигури дека организацијата е во согласност со законот, ги исполнува националните насоки, води добра инженерска пракса, ги исполнува барањата на производителите на медицинска опрема и се однесува во согласност со клиничките очекувања на персоналот и пациентите. 

Калибрација на опрема

Нашиот сервисен оддел располага со специфични уреди за дијагностика, калибрација, пациент симулаторски тестирања и тестирање за електрична безбедност на различен тип на медицинска опрема кои редовно се калибрираат во референтни лаборатории во Англија и Швајцарија

h

Долгорочни сервисни договори

За целокупната медицинската опрема која ја застапуваме обезбедуваме можност за годишни или повеќегодишни сервисни договори со или без вклучени резервни делови, како и можности за поддршка со заменски апарати со цел непречено функционирање на вашата опрема и безбеден и континуиран работен процес на Вашата здравствена институција. Можност за посебни договори за целосна сервисна поддршка (full service support) со 24 часовна поддршка од нашиот сервисен тим со јавни и приватни здравствени установи.

КОНТАКТ ЗА СЕРВИСНА ПОДДРШКА

Copyright © 2023 Bi-MEK. All rights reserved.

Copyright © 2023 Bi-MEK. All rights reserved.