За нас

Наши Достигнувања

ИСТОРИЈАТ

^
2002

Основање на компанијата како авторизиран претставник на повеќе од 10 светски медицински брендови за дистрибуција на медицинска  опрема  со седиште во Скопје, РСМ.

 

^
2003

Добитник на награда за воведување на иновативна медицинска  опрема  на македонскиот пазар.

 

^
2005

Проширување на тимот со опремување на високо технички сервисен оддел со специјализирани алати и уреди за решавање и најсложени проблеми.

 

^
2008

Би-МЕК го имплементира меѓународниот сертификат за квалитет ISO 9001:2015

 

^
2010

Потписник на договор со Министерството за здравство за техничка поддршка и инсталација низ 40  поголеми  јавни болници во Р. С. Македонија

 

^
2010/16

Би-МЕК е  добитник на признание за општествена одговорност во 2011 година  и награда за општествено одговорна компанија во 2016 од Министеството за економија

^
2014

Достигнува над 2000 клиенти и соработници како авторизиран претставник на 25 водечки медицински брендови.

^
2016

Би-МЕК добитник на награда Златна монета за брз развој на мали и средни претпријатија доделена од Сојуз на стопански комори на Македонија.

^
2018

Би-МЕК го имплементираше меѓународниот стандард за управување со животна средина ISO 14001:2015

^
2019/20

Би-МЕК беше дел од проектот “Heart safe cities” – за опремување со медицинска опрема на возила – ЈЗУ Здравствен дом – Охрид и ЈЗУ Специјална болница за кардиологија Св.Стефан – Охрид

^
2021

Би-МЕК беше дел од проектот ИПА на Делегација на Европска Унија за набавка на опрема за одговор на закани по здравјето 2021/22, за набавка, монтажа и инсталација на пет апарати за компјутерска томографија и три апарати за магнетна резонанца во различни градови низ Македонија.

^
2022

Би-МЕК е подизведувач како дел од голем проект поддржан од Светска банка за набавка на медицинска опрема во нашата земја, вклучувајќи инсталација на 2 ангиографи, 7 рентгени и 13 ултразвучни системи.

^
2023

Би-МЕК го имплементираше интернационалниот стандард ISO 13485:2016 за управување со медицински уреди.

ЗА НАС

СО НАС ДО ЕДНОСТАВНО РЕШЕНИЕ

Би-МЕК ДОО, компанија за медицински технологии е ексклузивен дистрибутер за многу  светски познати и реномирани производители на медицинска опрема.  Ние сме специјализирани за продажба, дистрибуција, инсталација, обука,  сервис и одржување на медицинска опрема со традиција од над 20 години и голема инсталациона база на опрема ширум државата.

Наша главна цел е обезбедување на квалитетна услуга и одржување на медицинска опрема за нашите клиенти во согласност со меѓународните стандарди за работа со медицинска опрема. Комплетниот асортиман на Би- МЕК опфаќа широко портфолио на дијагностичка и болничка апаратура како и специфична опрема за потребите на разни специјалности.  Низ годините, како резултат на одлична работа, компанијата  воспостави репутација  како сигурен партнер и ужива високо ниво на доверба кај клиентите и препознатливост на брендот.

Мисија

Нашата мисија е да испорачаме максимални вредности на нашите клиенти. Да обезбедиме континуитет и да ги следиме во чекор сите новитети и потреби на пазарот за медицинска опрема и потрошен материјал, се со цел поуспешно и поефикасно работење.

Визија

Сакаме да бидеме најдобар избор за квалитетна и доверлива соработка во областите на продажба на медицинска опрема и потрошен материјал. Наша визија е да бидеме златен стандард и мерка за квалитет и професионалност во сите сегменти од бизнисот-на вработените посакуван работодавач, на клиентите-сигурен партнер и за заедницата – општествено одговорна компанија.

Вредности

Вредностите на кои се темели нашиот успех се квалитет,  услужност,  доверба, иновативност и разбирање на потребите на нашите клиенти.

СЕРТИФИКАТИ

НИЕ СМЕ ЕКСПЕРТИ ОД ДОВЕРБА

Би-МЕК им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземаните ангажмани. Раководејќи се од светските критериуми за постојано подобрување на нашите услуги, Би-МЕК ги имплементираше следните интернационални стандарди за квалитет.

Известување за постапка за поднесување поплаки од клиенти

Би-МЕК ги известува своите клиенти дека во насока на подобрување на своите услуги на клиентите им овозможува лесно и непречено да доставуваат поплаки, доколку се соочуваат со незадоволство при одреден производ или наша услуга. Достава на поплаки може да се изврши со пополнување на образец, директно во нашите канцеларии или да се испрати поплака на следната емаил адреса medical@bimek.com.mk , по што одговорното лице ќе го информира клиентот дека поплаката е примена. Друштвото ќе донесе одлука или заклучок и ќе го информира подносителот најдоцна 15 дена од приемот на поплаката.

Copyright © 2023 Bi-MEK. All rights reserved.

Copyright © 2023 Bi-MEK. All rights reserved.