NEW Swing Maxi – НОВА двојна електрична пумпа за гради
Повеќе млеко за помалку време
Новата Swing Maxi™ двојна електрична пумпа за гради е компактна и лесна за употреба со подобрена мобилност за одлично да се вклопи во вашиот животен стил.
Исто како и претходната пумпа Swing Maxi Flex, новата Swing Maxi е двојна електична пумпа која ви овозможува да измолзете мајчино млеко од двете гради истовремено за да го направите измолзување за двојно побрзо време. Исто така, докажано е дека измолзувањето на двете гради истовремено дава до 18% повеќе млеко.
Технологијата на Двофазното измолзување.
За време на доењето, бебињата започнуваат со брзо цицање за да го стимулираат рефлексот на исфрлање на млекото. Штом млекото ќе почне да тече, бебињата се менуваат во побавен, индивидуален ритам за навистина да се нахранат. Технологијата 2-Phase Expression® на Medela го имитира природниот ритам на цицање на бебето – прва фаза на брзо измозлување за да го стимулира протокот на млеко, а потоа втора побавна фаза за да обезбеди оптимален проток на млеко.
PersonalFit Flex- Инки за гради.
Инката за гради PersonalFit Flex со агол на отворање од 105 степени, мек раб и овална форма за подобро вклопување на секоја града, врши помал притисок врз вашите млечни канали од традиционалните инки за гради, и дава резултати на поефикасно и поудобно искуство на измолзување. Повеќе удобност за вас, до 11,8% повеќе млеко за вашето бебе- клинички докажано. Вклучени се две големини на инки за гради: 21 mm и 24 mm.
Измолзувајте се каде и да сте, дури и кога нема приклучок за електрична енергија
Со најсовремениот USB C конектор, вградена батерија се полни многу побрзо во споредба со приклучокот за микро USB, и која трае до шест сесии на измолзување кога е целосно наполнета.
Лесна и едноставна
Swing Maxi има девет однапред програмирани програми кои можете да ги изберете и контролирате со помош на четири копчиња кои се лесни за употреба. Изградена со помалку делови, двојната електрична пумпа за гради Swing Maxi се склопува многу лесно и чистењето и е едноставно.
- Со двојно измолзување добивате до 18% повеќе млеко за пократко време;
- Технологијата 2-Phase Expression® го имитира природниот ритам на цицање на вашето бебе;
- PersonalFit Flex™ инка за гради за зголемена удобност и 11,8% повеќе млеко. Вклучени се 2 големини;
- Подобрена мобилност: вградена батерија на полнење која ќе ви овозможи и до 6 сесии на измолзување со едно целосно полнење на батеријата;
- Брзо полнење на батеријата со USB тип C приклучокот, во споредба со приклучокот за микро-USB;
- Лесна за користење: само со 4 копчиња и 9 однапред програмирани програми;
- Лесно се склопува и чисти благодарение на само неколку делови;
- Многу потивка во споредба со претходната генерацијана пумпи на Медела, помалку од 45 dB на максималното ниво на вакуум;
- Затворен систем кој спречува влез на мајчино млеко во цевката.
ПОСАКУВАНИ ОД МАЈКИТЕ, ПРЕПОРАЧАНИ ОД ДОКТОРИТЕ:
Водечки бренд во светот со истражувања за доење, Медела работи со научници за мајчиното млеко повеќе од 60 години и е број 1 избор за болниците и здравствените работници ширум светот. Нашите повеќе наградени пумпи за измолзување и додатоци се користат и сакаат од мајки во над 100 земји.
Со новата PersonalFit Flex инка мајките ќе имаат сосема ново искуство на измолзување кое може да се прилагоди на индивуални потреби. Нов дизајн благодарение на тимот на научници и мајки кои дојат, оваа инка може да се адаптира на формата на градата за повеќе удобност и ефикасност и да го засили протокот на млеко со што ќе спречи притискање на млечните канали. Овална форма која може да се ротира за 360с, со мек, мазен и флексибилен раб. Резултат? Многу удобно и ефикасно измолзување, обликувано според вашата форма.
Пумпите на Медела се дизајнирани да го направат доењето полесно, и да можете да го доите бебето што подолго со вашето мајчино млеко.
Начин на употреба: Задолжително прочитајте го Упатството за употреба. Состав: пластика. НЕ содржи Бисфенол-А (Bisphenol-A).
Двофазно измолзување кое го имитира природниот процес на доење и врши стимулација за создавање и одржување на мајчино млеко. Уникатна технологија развиена врз база на клинички истражувања спроведени во соработка со Универзитетот на Западна Австралија, Перт, Австралија со ефикасност потврдена од многу болници и мајки во светот.
Copyright © 2020 Bi-MEK. All rights reserved.
Со оставање на вашите лични податоци се согласувате истите да се користат за маркетинг цели.