ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА БИ-МЕК ДОО Скопје
Оваа политика за приватност го уредува начинот на кој Друштвото за производство, промет и услуги БИ-МЕК ДОО Скопје, со седиште на ул.Миле Попјорданов бр.44 кат 1 Скопје – Карпош, Карпош, со ЕМБС 5663172, ЕДБ 4030002450357 („Контролор“ и/или „БИ-МЕК ДОО Скопје“) ги собира, користи и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму „Вие“, „Субјект/и“ или „Корисник/ци“) при посета на интернет страната www.bimek.com.mk („Интернет страна“).
Со пристапот на Интернет страната, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате на условите на Политиката за приватност.
1. Дефиниции
● „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
● „Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
● „Ограничување на обработката на личните податоци“ е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина;
● „Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;
● „Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;
● „Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;
2. Видови податоци кои ги собираме
При посетата на Интернет страната се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги оставате при оставање на Ваш коментар или поставување на прашање преку користење на опцијата Контакт поставена на нашата Интернет страна. Доколку преземете било кое од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите кои ги доставувате.
При оставање на Ваш коментар или поставување на прашање преку Интернет страната, ги обработуваме Вашите податоци и тоа:
● Име;
● Презиме;
● Адреса на е-пошта;
● Телефонски број.
Дополнително, нашата Интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која се врши собирање на податоци како што се:
– Името на пребарувачот на интернет,
– Типот на компјутерот,
– Технички информации за конекцијата што ја користите при посета на Интернет страната како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата,
– IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник.
Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“. За повеќе детали Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња.
3. Начин на користење на Вашите податоци
3.1 Вашите лични податоци можеме да ги користиме за следните цели:
– За преработка, администрирање и подобрување на нашата Интернет страна и простории и други аспекти на начинот на кој ги спроведуваме нашите операции;
– За управување, развивање и унапредување на нашето работење и особено нашиот однос со организацијата што ја претставувате (доколку претставувате таква) и трансакциите поврзани со ова; и
– За заштита на нашиот бизнис од измама, перење пари, прекршување на довербата, сајбер-напад, кражба на патентирани материјали и други финансиски или деловни криминали.
3.2 Повремено користење на Вашите лични податоци
Вашите податоци ќе ги обработиме само до потребниот степен со цел да можеме да ги исполниме целите опишани погоре, а потоа само таму каде што ќе процениме дека нашата обработка нема да Ви наштети Вам или Вашата приватност на начин кој ќе го надмине нашиот легитимен интерес во спроведувањето на тие цели.
4. Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци
Вашите податоци нема да бидат обработувани за ниту едена друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата на обработка на личните податоци согласно со Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци Контролорот ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајноста и заштита при обработка на личните податоци со кои располага.
Дополнително, Контролорот применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци како и податоци што не се лични, а се складирани на вашата страна.
Вашите лични податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои Контролорот има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно со Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци при оставање на Ваш коментар или поставување на прашање преку Интернет страната, Контролорот ги обработува се до повлекување на согласноста, односно до моментот кога ќе одлучите да го избришете Вашиот коментар односно прашање или ќе побарате ние тоа да го сториме за Вас.
Личните податоци во рамки на сметководствените документи, вклучувајќи договори, комуникација и деловна кореспонденција, Контролорот ќе ги чува не повеќе од рокот определен за чување на истите, согласни применливи закони.
5. Давање на користење и пренос на вашите лични податоци
Контролорот не врши пренос на лични податоци во ниту една земја членка на Европската Унија ниту пак на Европскиот Економски Простор, како и ниту до една меѓународна организација. Вашите лични податоци можеме да ги дадеме на користење само доколку сме добиле ваша согласност за истото или доколку за тоа имаме добиено барање од надлежен орган со јавни овластувања.
6. Чување и уништување на Вашите податоци
Вашите лични податоци ги чуваме точни и ажурирани и кога веќе нема да ни бидат потребни, податоците што ги имаме за вас се уништуваат.
Вашите лични податоци, во зависност од нивната природа и цел на обработка, се чуваат во согласност со Политиката за чување на лични податоци. Доколку сакате да дознаете повеќе во врска со ова, контактирајте не за повеќе информации.
Имајте во предвид дека можеме да задржиме некои податоци за вас, дури и откако ќе дознаеме дека сте ја напуштиле организацијата што ја претставувате, за да можеме да одржуваме континуиран контакт со вас, доколку и кога повторно ќе стапиме во контакт со вас, како претставник на друга организација.
7. Вашите права
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјекти чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следните права:
● Да се информирате од БИ-МЕК ДОО Скопје за начинот на обработка на Вашите лични податоци и дали истите се користат во согласност со целта заради која се дадени;
● Да побарате од БИ-МЕК ДОО Скопје да ги избрише Вашите лични податоци, при што БИ-МЕК ДОО Скопје има обврска да ги избрише Вашите лични податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
● Да побарате од БИ-МЕК ДОО Скопје Вашите лични податоци да ги пренесе на друг контролор;
● Да побарате од БИ-МЕК ДОО Скопје ограничување на обработката на Вашите лични податоци;
● Да поднесете барање до БИ-МЕК ДОО Скопје со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за целите на обработка на Вашите лични податоци;
● Да поднесете приговор до БИ-МЕК ДОО Скопје за начинот на обработка на Вашите лични податоци, вклучително и приговор против автоматска обработка (и профилирање).
Доколку сакате да остварите некое од горенаведените права, Ве молиме контактирајте не (видете во делот „Контакт“).
Исто така, можете да поднесете поплака за нашата обработка на вашите лични податоци до Дирекцијата за заштита на лични податоци (повеќе информации во врска со ова можете да најдете на следниот линк: info@privacy.mk).
8. Приватност на субјекти на лични податоци на возраст под 14 години
Обработката на лични податоци на деца е законска ако детето има најмалку 14 години.
БИ-МЕК ДОО Скопје свесно не собира информации за лична идентификација од субјекти на лични податоци на возраст под 14 години, без дадена согласност од законскиот застапник на детето, односно без обработката да биде дозволена од законскиот застапник на детето.
Ако сте родител или старател и сте свесни дека вашите деца, што се на возраст под 14 години, ни имаат обезбедено лични податоци, Ве молиме контактирајте не (видете во делот „Контакт“).
Доколку БИ-МЕК ДОО Скопје има собрано лични податоци на деца што се на возраст под 14 години, без притоа обработката да е дозволена од законскиот застапник на детето, односно без дадена согласност, БИ-МЕК ДОО Скопје ќе преземе чекори за да ги отстрани тие информации од нашите сервери.
9. Контакт
Вашите прашања, коментари и барања во врска со оваа Политика за приватност и нашата обработка на личните податоци се добредојдени.
Доколку имате прашања Ве молиме обратете се на нашиот Офицер за заштита на
лични податоци Олгица Мицевска на следната е-пошта: omicevska@bimek.com.mk
10. Промена на политиката на приватност од Контролорот
Оваа политика на приватност може да биде изменета во било кое време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата Интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Токму поради тоа Ве молиме периодично да ја прегледувате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата Интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите на оваа Политика за приватност.
11. Датум на објава на Политиката на приватност
Оваа Политика за приватност е објавена на 13.07.2026 година.
Copyright © 2026 Bi-MEK. All rights reserved.
Copyright © 2026 Bi-MEK. All rights reserved.
Copyright © 2026 Bi-MEK. All rights reserved.