Како овластен дистрибутер на Philips, Би-МЕК е изведувач во значаен проект финансиран од ЕУ делегација во Македонија за опремување на повеќе болници ширум државата со современи апарати за магнетна резонанца и компјутерска томографија. Вкупно три апарати за магнетна резонанца и пет апарати за компјутерска томографија со висока конфигурација и многу можности за дијагностика ќе бидат инсталирани во осум различни градови во државата.
Практично преку овој проект географски во голем дел од Македонија ќе се покријат потребите за навремена и софистицирана дијагностика достапна за секој граѓанин.
Имплементацијата на овој проект е од суштинско значење во збогатувањето на здравствените капацитети со напредни и иновативни медицински технологии.