MRI 1.5T
Ingenia Ambition 1.5T X Врз основа на неговиот нов, револуционерен целосно запечатен BlueSeal магнет, Ingenia Ambition X Ви овозможува да искусите попродуктивни¹ операции со магнетна резонанца без хелиум. Ingenia Ambition X обезбедува врвен квалитет на снимката дури и за пациенти во отежнати околности и врши испитувања со магнетна резонанца до 50% побрзо со Compressed SENSE забрзувања за сите анатомии, во 2Д како и во 3Д-скенирање. Брзото целокупно време на прегледот се постигнува со поедноставено постапување со пациентот во отворот, со помош на насочени поставки за пациентот без допир. Покрај тоа, Ingenia Ambition нуди продорно и длабинско аудиовизуелно искуство кое помага да се смират и насочат пациентите во текот на прегледите со магнетна резонанца.
Ingenia 1.5T Evolution може да значително да ги зајакне Вашите перформанси со иновативни SmartWorkflow решенија кои вклучуваат технологија за следење на пациентот управувана од вештачка интелигенција (AI), водство во самата просторија и автоматизација на прегледот. Compressed SENSE Ви овозможува скенирање до 50% побрзо со практично еднаков квалитет на снимка, и во 2Д и во 3Д-скенирање и за сите анатомии². Позитивното искуство на пациентот е поддржано преку продорно и длабинско аудиовизуелно искуство кое ги смирува и насочува пациентите во текот на прегледите со магнетна резонанца. Истовремено, обезбедува клиничка сигурност, со постојан и висок квалитет на снимка која може да се репродуцира дури и за анатомии во отежнати околности.
Philips Ingenia 1.5T систем за магнетна резонанца – Дигиталната јасност и брзина им помагаат на докторите во клиниката да дијагностицираат со доверба и сигурност, да истражуваат нови примени и да работат продуктивно. Одличните коментари и оценки од пациентите го градат Вашиот имиџ во заедницата. Сите се поддржани од нашата посветеност да Ви помогнеме да растете.
Copyright © 2026 Bi-MEK. All rights reserved.
Copyright © 2026 Bi-MEK. All rights reserved.
Copyright © 2026 Bi-MEK. All rights reserved.

